Веќе повеќе од половина век, брендот Плазма е омилен член на секое семејство, дел од нашите сеќавања и секојдневни ритуали. Многу генерации низ целиот регион пораснале и растат со Плазма, секој има омилен начин на подготовка, а повеќето своите ритуали на конзумација ги сфаќаат многу озбилно. Истражувајќи ги навиките и ритуалите на љубителите на Плазма, агенцијата McCann Белград ја креираше првата Плазма кампања, која истовремено започна во повеќе земји во регионот (Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија и Словенија).
„Беше многу едноставно да се создаде кампања за Плазма ритуалите. Сите членови на тимот едноставно зборуваа за своите ритуали без двоумење и се покажа дека секој ритуал со Плазма е забавен и релевантен. Потоа ги запишавме, малку ги обликувавме и ги подготвивме за принт и ТВ. Нашата кампања е вистинска приказна за животот на сите нас со нашата Плазма“, објасни Милош Пауновиќ, Associate Creative Director, McCann Белград.
„Без разлика дали уживате во малите работи, правите мала пауза од работата или поминувате заеднички моменти со семејството и пријателите, Плазма е таа која е дел од секој ваш ден и ги прави сите ваши ритуали целосни“, додаде Александра Савиќ, Senior Brand Manager во Плазма.
И кој е вашиот Плазма ритуал?