Од Фејсбук соопштија дека ќе забранат реклами за новиот корона вирус во кои се говори за лекување или превенција на заболувањето и оние кои создаваат итност околу ситуацијата.
Фејсбук објави дека ќе ги избрише содржините за вирусот со лажни информации или конспиративни теории по барање на здравствените власти и здравствените органи во светот.
Соопштението на Фејсбук е во момент на проверки на регулаторите во светот во врска со објавувањето содржини на платформи поврзани со радикални идеологии и лажни вести.