Во склоп на фестивалот “Денови на комуникациите” кој се одржува во ровињскиот хотел Lone, синоќа се доделија престижните Croatia Effie 2014 награди за најзначајните достигнувања во деловните комуникации во сегментите на ефикасност и стратешко осмислување на маркетинг кампањи. Во остра конкуренција на 40 проекти пријавени од страна на 28 огласувачи и 40 маркетинг агенции доделена е една златна, три сребрени и три бронзени награди. Grand Prix наградата како и златната награда за најдобра кампања ја освоија Ledo, огласувачката агенција Imago и Unex за кампањата “Ledonardo – potraga za sladolednim genijalcem “.
Најуспешна агенција на овогодинешотот Effie натпреварување е огласувачката агенција Imago со освоениот Grand Prix и златната награда, потоа следи агенцијата DRAP со две сребрени награди, McCann со едно сребро и една бронза и BBDO Zagreb и Laboratorium 360 со по една бронзена награда.
За победниците на натпреварувањето Croatia Effie 2014 и најефикасните маргетиншки кампањи одлучуваше стручно жири составено од најискусните марекетинг експерти во Хрватска – претставници на огласувачите, креативните и медиумски агенции, медиумските куќи и агенцијата за истражување на пазарот на чело со Маја Чулиг од Tele2 Hrvatska.
“Многу сме горди на освоениот Grand Prix и злато за најдобра и најефикасна кампања. Овие награди го потврдуваат нашиот успех, но и ја наградуваат храброста и различноста во пристапот на маркетиншките комуникации”, изјави Даниела Делиќ од огласувачката агенција Imago.
Хрватското издание на Effie натпреварувањето го организира HURA (Hrvatsko udruženje društava za tržišno komuniciranje) по светска лиценца на организацијата Effie Worldwide. Effie наградите со доделуваат од 1968 година на светско и европско рамниште (Global Effie и Euro Effie), и како национално натпреварување во преку 40 земји низ светот, на кои во 2009 година им се приклучи и Хрватска. Во преку 40 години на своето постоење, Effie наградите станаа меѓународен симбол на маркетиншката ефикасност.
Во продолжение следи листа на наградените проекти:
Grand Prix Effie награда:
- “Ledonardo: Potraga za sladolednim genijalcem” Ledo, Огласувачка агенција Imago, Unex
Златна Effie награда:
- “Ledonardo: Potraga za sladolednim genijalcem” Ledo, Огласувачка агенција Imago, Unex
Сребрени Effie награди:
- “Životinjsko carstvo – Ekopark Kraš”, Kraš, DRAP
- “Hrvatski telekom – MAXobitelj”, Hrvatski telekom, McCann Zagreb, Digitel Medijski Servisi
- “BabyWatch – BabyWatch launch”, BabyWatch, DRAP, Leptir.TV
Бронзени Effie награди:
- “Ožujsko pivo – Ako si iz Hrvatske”, Загребска пивара, BBDO Zagreb, Universal McCann, Revolucija
- “Pan – Nek se čuje do Rusije”, Carlsberg Croatia, McCann Zagreb, OMD
- “Iskon – Ne daj babi s kolačima da prođe”, Iskon internet, Laboratorium 360. Digitel Medijski servisi