Новото време носи нови предизвици. Комуникациската индустрија се соочува со тие промени можеби поактивно од која било друга сфера, па поради тоа е уште поважно да бидеме свесни за релевантните трендови. Едно од најпопуларните места за да се добие професионален увид и инспирација во Источна Европа е меѓународниот адвертајзинг фестивал White Square, кој секоја година во Минск собира адвертајзери од преку 30 држави ширум светот да ги споделат своите нови решенија за креативната ефективност. White Square, препознат како еден од најзначајните креативни настани во Европа за оние кои бараат можност за вмрежување со најбистрите креативни умови на континентот, држи силна позиција на фестивалската ранг-листа во Источна Европа и е вклучен во Business Creative Report на AdForum.
White Square секоја година им посакува добредојде на бројни меѓународни и локални, вмрежани и независни креативни агенции, дизајнерски и дигитални студија и професионалци од различни држави, поканувајќи ги да се натпреваруваат за првиот удел на професионално признание и најраната група на меѓународни награди уште на самиот старт од креативната фестивалска сезона. Повикот за пријавување на кампањи за White Square 2020 е веќе отворен на официјалниот веб-сајт, и тоа во седум категории: Creative, Branding, Marketing, Digital, Creative Effectiveness, Media, Change for Good. Пријавените проекти ќе бидат жирирани „офлајн“ од страна на шест жири-комисии составени од вистински ѕвезди на глобалната индустрија со „тони“ престижни награди зад себе. Победниците на White Square 2020 ќе бидат прогласени на 17 април и во наредните месеци, токму пред одржувањето на водечките настани во глобалната креативна индустрија, презентирани во преку 30 професионални европски медиуми.
Дванаесетото издание на White Square ќе се одржи во Минск, Белорусија, помеѓу 15 и 17 април и ќе понуди разновидна бизнис, културна и вечерна програма. Посетителите на фестивалот ќе можат да уживаат во преку 70 едукативни настани, предавања, презентации и дебатни панели посветени на креативните трендови во комуникациите, маркетингот, брендирањето, дигиталните и традиционални медиуми, предводени од добро-познати комуникациски експерти. Настани за неформално вмрежување и забава исто така ќе бидат понудени од организаторите на White Square, со вечерни забави и градски турнеи. Повеќе информации за фестивалот и регистрарање на учество на официјалниот веб-сајт adfest.by. Време е за победа!