Германските трговски ланци Edeka и Rewe неодамна започнаа тестирање на кеси што „се јадат“ со цел да ја намалат количината на пластика во своите маркети
Овие два ланци на малопродажба дошле до ново решение одделно, во соработка со меѓународни компании кои што се занимаваат со правење на вакви видови кеси. Поточно, сите производи доаѓаат во специјални пакувања кои се транспортираат во тенки, заштитни, па дури и кеси за јадење.
Заштитните кеси на Edeka ги прави американската компанија Apeel Sciences, а оние кои ги вкусиле кесите за пакување, велат дека се вкусни, како и дека се направени од овошје и зеленчук, семиња и природни лушпи.
Овие кеси не дозволуваат губање на водата, гниење и овозможуваат храната да остене свежа. Најновите кеси се наоѓаат во избрани продавници, а најпрвин се тестирани на авокадо.
Малопродажниот ланец Rewe исто така започна со тестирање на вакви кеси, кои се направени од природен шеќер и разни растителни масла, а сите кеси ги прави британската компанија AgriCoat NatureSeal. Авокадото во таквите кеси веќе се наоѓа на пазарот и може да се набави во 860 продавници на трговските ланци Rewe и Penny.