Компанијата Твитер објави дека ќе престане со какви било обиди на огласувачите да ја користат епидемијата на коронарна вирус за да испраќаат несоодветни реклами до своите корисници.
На владините тела кои сакаат да ги шират информациите за јавното здравје ќе им биде дозволено да промовираат реклами поврзани со епидемија, објави Твитер.
И компанијата Фејсбук соопшти дека бесплатно ќе ги емитува рекламите на Светската здравствена организација (СЗО), како што објави Марк Цукерберг, основач и сопственик на компанијата.
„Ние ќе му дадеме на СЗО онолку рекламен простор колку што им треба, заедно со друга корисна поддршка“, рече Цукерберг.
На корисниците кои ќе бараат постови за вирусот, ќе им излегуваат поп-ап (pop-up) информации што ќе ги однесат на страницата на СЗО или локалните здравствени организации со најновите вести и совети, објави Цукерберг, додавајќи дека ќе бидат отстранети сите содржини со лажни вести и теории на заговор за да помогне да се спречи ширењето на лажни вести.
Фејсбук ќе работи со глобални здравствени експерти и ќе има дава поддршка и на други организации.