Во периодот помеѓу 2014 и 2019 година, маркетинг буџетот на Кока Kола изнесуваше 17,5 милијарди евра, што значи просечно 3,5 милијарди евра годишно
Финансискиот портал LeamBonds ги анализираше маркетинг активностите на Кока Кола и бројките, се разбира, се огромни. Порталот посочува дека „домашниот“ маркетинг во САД претставува само една петтина од буџетот на овој гигант за безалкохолни пијалоци.
Гледајќи ги бојките за маркетинг буџетот за секоја година, брзо станува јасно зошто Кока Кола е еден од највредните брендови во светот. Во исто време, таа е препознатлива и по нејзините иновативни рекламни кампањи.
Така, во 2014 и 2015 година компанијата ги зголеми своите инвестиции во маркетинг за 12 проценти, а во 2017 и 2018 година за 3,6 проценти. Рекордот се достигна минатата година кога маркетинг-инвестициите достигнаа дури 3,7 милијарди евра.
Но, не пораснаа само инвестициите на Кока Кола во огласување. Бројот на вработени исто така се зголеми за 37 проценти во 2018 и 2019 година и достигна бројка од 86.000. Ова е сепак многу помалку отколку во 2012 година кога имаше 150.000 вработени.