Глобалното ширење на коронавирусот сеуште не е квалификувано како пандемија, но според Светската здравствена организација постои уште една голема закана: расизмот и ксенофобијата кои секогаш ги придружуваат овие болести.
Бидејќи овој специфичен вирус потекнува од Кина, луѓето со азиско потекло се физички напаѓани на места како Њујорк и Лондон и покрај фактот дека Азијците не се поподложни на вирусот од кој било друг. Слични работи се случуваа за време на епидемијата на САРС во 2003 година, а пред неколку години се зголеми и стигмата против Африканците во текот на епидемијата на ебола. Исто така, луѓето ги избегнуваат и кинески ресторани и други бизниси во азиска сопственост и вербално ги напаѓаат азијците преку интернет или во јавноста.
За да ја подигне сваста за овај проблем, Кинескиот Национален совет за социјална правда во Канада и креативната агенција The Hive креираа кампања која има за цел борба против ксенофобијата поврзана со коронавирусот.
Во средиштето на кампањата се гелови за дезинфекција на рацете на кои е напишана порака „Прекинете го ширењето“. И додека луѓето можеби мислат дека шишињата се насочени кон спречување на ширењето на коронавирусот, тие носат пораки со цел да ги натераат луѓето да ги преиспитаат своите постапки кон азиската заедница и расизмот.
Во етикетата се наведува дека геловите придонесуваат за заштита од „токсично однесување“, и дека „најдобро делуваат со здрав разум“. Етикетата ги води корисниците на информативната веб-страницата на кампањата, која вклучува статистика и информации за напорите за борба против расизмот.