Меѓународниот фестивал на креативноста Golden Drum ќе се одржи од 21 до 23 октомври во Порторож, Словенија.
Во првата најава на овогодинешниот фестивал „Golden Drum“, Мојца Бришчик, претседателка на фестивалот, изјави:
„Овогодинешниот фестивал „Golden Drum“ ќе открие низа промени. Индустријата ќе биде истакната како никогаш досега на директен и брутално искрен начин, од различни неконвенционални агли, а учесниците и пријателите на фестивалот ќе помогнат во обликувањето на решенијата и новите темели на нејзината иднина.
Фестивалот е познат како платформа за тестирање на идните лидери во индустријата, поради што уште еднаш ќе посветиме особено внимание на нив. Од оваа година, фестивалот е временски подолг – повторно се претвора во интензивна тридневна манифестација. Првиот ден ќе биде посветен исклучиво на млади професионалци под 30-годишна возраст – преку нов креативен акцелератор тие ќе имаат можност да стекнат длабоки сознанија во разни области кои се сметаат за основа на нашата индустрија.
И тоа не е сè! Друга важна промена е новата локација на фестивалот – Монфорт, некогашно складиште за сол веднаш до морскиот брег. На некој начин, фестивалот во ново руво се враќа на корените. Golden Drum отсекогаш бил најважниот фестивал во регионот, што уште еднаш е потврдено со неговото рангирање на листата WARC Creative 100, каде е ставен меѓу најдобрите 7 регионални фестивали во светот!
Се гледаме во Порторож, од 21 до 23 октомври 2020 година! “
За повеќе информации за фестивалот, посетете ја официјалната веб страница: goldendrum.com