Во склад со насоките на Светската здравствена организација во врска со глобалната ситуација на ширење на вирусот COVID-19 и забраната на Република Србија за настани во затворен простор и форумот IZAZOV 2020 кој беше најавен за крајот на месецов, објави дека настанот ќе биде презакажан за 2 и 3 јуни 2020 во Белград. Ова е трет голем комуникациски настан во регионот кој беше најавен за пролета и кој се презакажува за подоцна. Истото претходно го направија и “Денови на Комуникациите” и “Словенечкиот Огласувачки Фестивал”.
Програмата на Форумот IZAZOV според организаторите останува иста а главната тема ќе биде насочена кон адвертајзингот кој го менува светот и го прави подобро место за живеење. За состојбата на комуникациските пазарите ќе зборуваат претставници од медиуми од Србија, Македонија, Словенија, Црна Гора и БиХ.
Пријавувањето за IZAZOV 2020 трае до 15 мај, а бројот на места е ограничен. Раните пријави се продолжени до 15 април. Сите досега купени котизации се валидни за новиот датум во јуни.