Фејсбук соопшти дека ќе отстрани одредени реклами од кампањата на Доналд Трамп, за кои се смета дека предизвикуваат заблуда околу официјалниот избирачки список.
Сето ова доаѓа по обвинувањата на сметка на Фејсбук дека дозволиле кампањата на Трамп да прикажува реклами на нивната платформа каде од луѓето се бара веднаш да одговорат на списокот на конгресните окрузи.
Социјалната мрежа Фејсбук отстрани неколку реклами зад кои стои кампањата за реизбор на претседателот на САД Доналд Трамп.
Рекламите се платени од групата “Trump 2020 Make America Great Again“, која е официјален дел од кампањата на Трамп.
Исто така, оваа група ги поседува и официјалните страници на Фејсбук на Доналд Трамп и потпретседателот Мајк Пенс. Фејсбук ги објави овие реклами како „несоодветни“ и ги отстрани во согласност со политиките на оваа мрежа.
Во ммериканската јавност долго време се води дебата дали дали објавите на Доналд Трамп на социјалните медиуми се официјални политики на Белата куќа или за неговите лични мислења. Трамп е исто така е политичар со најголем број следбеници на Твитер, како и рекордер според бројот на негови ретвитови.