После анализата на предвидувањата поврзани со развојот на глобалната ситуација со корона вирусот, организацискиот комитет на меѓународниот адвертајзинг фестивал White Square – еден од најголемите креативни настани во Источна Европа кој секоја година ја отвора меѓународната фестивалска сезона и во Минск ги собира преставниците на комуникациската индустрија од повеќе од 30 држави – донесе одлука за одложување на овогодишното, 12-то по ред издание на фестивалот.
Веста беше соопштена на 16 март од Алена Устинович, претседател на бордот на Асоцијацијата на комуникациски и маркетинг агенции на Белорусија, организатори на фестивалот White Square: „Се надеваме на прогрес во борбата против овој нов вирус и стабилизација на ситуацијата предизвикана од него во различни сфери на животот во различни држави. Во овој момент, се одлучивме да ги одложиме датумите за одржување на претстојниот White Square за месец јуни. Точните датуми ќе бидат соопштени кон средината на април. Планираме да го задржиме вообичаениот форма на фестивалот со неговите планирани натпревари, едукацски и културни програми кои ќе бидат модернизирани и засилени земајќи ги во предвид актуелните трендови во светот. Дополнително, одлучивме да ги прифатиме и кампањите посветени на борбата против епидемијата и последиците од корона вирусот во рамки на категоријата Change for Good – и тоа бесплатно. Првите примери за вакви кампањи се веќе тука, а први беа колегите од Адвертајзинг асоцијацијата на Кина со кампањата „Be strong, China!““.
Крајниот рок за пријавување на кампањи е продолжен до 31 март. Пријавувањето се одвива онлајн, преку официјалниот веб-сајт adfest.by во седум натпреварувачки категории:
CREATIVE: Film, Print, Radio & Audio, Outdoor, Integrated, Branded Content and Entertainment;
BRANDING: Communication Design, Packaging Design, Digital & Interactive Design;
MARKETING: Brand Experience & Activation, PR, Direct, Innovations;
CREATIVE EFFECTIVENESS;
MEDIA: Channels, Excellence in Media, Media Campaign;
DIGITAL: Digital, Mobile, Creative Data;
CHANGE FOR GOOD.
Следете ги сите вести поврзани со White Square на официјалниот веб-сајт adfest.by.