Во услови кога начинот на кој живееме и работиме е многу различен од вообичаено, важно е да останеме поврзани од дома и солидарни, наведено е во соопштението од Телеком.
„Наша обврска е да обезбедиме непречена комуникација, но и да понудиме дополнителни вредности за корисниците. На сите постпејд, припејд и деловни корисници им доделуваме дополнителни 10 GB мобилен интернет, односно 10GB #ОстаниДома пакет кој автоматски ќе им биде активиран и ќе може да се користи до 15 април. Дигиталната комуникација, во овие услови е клучна за непречено одвивање на работата, затоа двојно ќе ги зголемиме и капацитетите на фиксниот интернет за сите деловни корисници кои на своите вработени им обезбедуваат работа од дома. Ќе обезбедиме и двојно повеќе фиксен интернет за сите приватни корисници“, стои во соопштението.
Таму е посочено дека на „Маx TV“ корисниците ќе им биде овозможено до 15 април да следат голем избор на телевизиски содржини.
„Сите спортски канали од Арена Спорт и Sport Klub каналите; пакетот Pink Extra со 29 канали и филмските канали: Fox Movies и Fox Crime M1Gold, Tring Action М и Fantasy М, AXN и AXN Spin, Cinemania, Epic Drama; детските канали: Boomerang, Pikaboo, Cartoon network, Nickelodeon Junior, BabyTV, HAYATOVCI, како и каналите: Viasat Nature & History HD, Comedy Central, 24 Kitchen, VH1 Europe, VH1 Classic, MTV Hits, MTV Rocks и MTV Dance, Fine Lliving Network, Travel Channel, Food Network, HAYAT, CNN, BBC. Наредните денови, корисниците можат да очекуваат и нови содржини. Нашиот приоритет е да ги одржиме капацитетот на мрежата и интернет пристапот беспрекорни, но и да бидеме солидарни. Сите наши ресури се насочени да обезбедиме непречена комуникација. Тука сме за вас“, порачуваат од Телеком.