Телекомуникацискиот оператор One, деновиве лансираше една одлична летна интерактивна кампања за сите фанови на нивниот подбренд “ЏаБест“.
#ЏаБестПредизвик е акција во која 100 натпреварувачи, во период од 3 недели, треба да исполнуваат различни задачи (планирано е да бидат 10 задачи) преку своите профили на социјалните мрежи: Facebook, Twitter и Instagram, со што ќе освојуваат поени и ќе имаат можност да се натпреваруваат за вредни награди.
Право на учество имаат сите граѓани на Македонија кои се подготвени сите активности поврзани со овој предизвик да ги споделуваат јавно на своите профили на социјалните медиуми. Пожелно е секој натпреварувач да има активен ЏаБест број, но доколку нема, а е избран да учествува,истиот ќе може бесплатно да го добие во најблискиот салон на ОНЕ пред почетокот на предизвикот.
Задачи и поени
Секоја нова задача во исто време ќе биде испратена по SMS до сите натпреварувачи. Содржината на пораката ќе има краток опис на задачата и линк до dzabest.mk каде се опишани сите детали за самата задача.
Секоја задача ќе има и дополнителен услов (на пример време или први 5ца и сл.) со чие исполнување одреден број натпреварувачи може да добијат екстра поени.
Секоја основна задача носи 10 поени а дополнителниот дел 5 поени. Во случај на изедначен број поени во борба за прво место натпреварувачите со ист број поени добиваат дополнителна задача.
Пријавувањето за “ЏаБест предизвик“ е на следниов ЛИНК
Ранг листата на натреварувачи како и сите детали за играта редовно ќе бидат ажурирани на dzabest.mk
Важни датуми
Старт на пријавување: 21.05 (среда) Крај на пријавување: 28.05 (среда)
Објава на учесници: 29.05 (четврток)
Старт на натпреварот: 02.06 (понеделник)
Крај на натпреварот: 23.06 (понеделник)