Пишува: Никола Анчевски, OVATION BBDO
Овие 1-2 недели неизвесност за многу теми и прашања, вирус, криза, паника – треба да се остане прибран, сталожен, внимателен, разумен.
Тимот на Оватион ББДО во моментов работи од дома непречено, следејки ги внимателно сите случувања врз нас и нашите клиенти, соработници, медии, деловни партнери.
Секако можам да кажам дека моменталната состојба е голем удар врз нашата индустрија, бидејќи најголемиот дел од работата е промоција на услугите, брандовите, пораките на нашите клиенти врз потрошувачите, консументите, корисниците итн.
Во моментов клиентите се прилагодуваат на новонастаната ситуација, се бележи големо ниво на откажување на кампањите, или пролонгирање на нивниот старт, како резултат на недостиг на залихи, откажување на настани (спортски, музички, турискички, културни…). На најголем удар поради ограниченото движење се ООХ, радио, кино, Индор (рекламите во затворени простории).
На сметка на тоа пак Телевизијата и Интернетот бележат огромен раст, во просек 20.5% вкупната гледаност на ТВ е зголемена, а гледањето на ТВ премина 8 часа. Што се однесува на интернетот преку 50% има зголемување на посетите на читаноста на страниците , а бројот на корисници кои ги посетуваат страниците се зголеми за околу 20%.
Препорачуваме на клиентите да ја прилагодат својата комуникација кон консументите, а тие кои немаат вистинска потреба да не ги прекинуваат кампањите, да се стремат да придонесат за општеството, да ја искористат сега нивната пазарна позиција и да бидат корисни за потрошувачите, медиумите и да пренесат порака за поддршка во ова време на криза. Исто така би апелирал во својата комуникација да вметнат дел на едукација за хигиена и спречување на ширењето на вирусната инфекција.
Сега е време брендовите кои можат и се во состојба да се однесуваат како добри помагатели, а тоа значи да бидат одговорни, да дадат поддршка, да помогнат!