Во моментите кога кризата предизвикана од COVID-19 предизвикува се’ поголемо влијание врз комуникациската индустрија, одговорност на целата професионална заедница е активно и заеднички да се бори за надминување на кризната ситуација.
Одговорноста лежи и кај огласувачите и кај агенциите, тие едни без други не можат, а со заедничко делување може да се направи значително многу за да се продолжи целата флуктруација.
Работна група во рамки на HURA, предводена од Јелена Фишкуш (од агенцијата Студио Сонда), објави 5П – Пет Правила на Паметно Пребродување на Пандемијата во комуникациската индустрија.
“5П” дава насоки за клиентите и огласувачите како да ја препознаат приликата зошто треба да продолжат со својата комуникација за време на кризата, зошто сега, повеќе од било кога, е потребно сите заедно да соработуваме и дека клучот на успех во кризата не лежи во откажување на активностите и проектите, туку во одложувањето.
“Мисијата на НАС, комуникаторите и креативците е да одговорно ја комуницираме вистината, а со нашите вештини да ја направиме лесно разбирлива и достапна за широк круг на луѓе. Мисија на оние кои вложуваат во комуникациите е да поттикнуваат проекти кои креираат подобро општество. Она што потрошувачите ќе го ценат се вредностите позади кои застануваме денеска, кога цел свет повторно почнува да го разбира она што лесно го забораваме: важноста на темелни и искрени односи, здравјето, почитувањето, љубовта кон блиските” – стои во документот на HURA.
Целиот 5П водич можете да го разгледате на овој ЛИНК.