(РЕГИОН) – Словенскиот огласувачки пазар е збогатен за уште една нова агенција која ќе го носи називот PITCH!, основана од холандскиот креативен директор Мартин Мол и Лучка Шендлингер.
Како што соопштија од агенцијата, нивниот радиус на работа воглавно ќе се врти околу две основни услуги.
Првата е пријавување на огласувачки конкурси и нивна реализација “со оваа услуга сакаме да ги придобиеме огласувачите да бидат наши клиенти“ – велат основачите и надополнуваат: “Огласувачките се наши клиенти само привремено и тоа за време на реализирање на проектите. Кога огласувачот ќе ја повика агенцијата на конкурс, таа му доставува глобална стратегија на брендирање и креативни продажни идеи.
Втората услуга која ќе ја нуди PITCH! е советување за огласувачите во реализирање на конкурсите. “Ќе ги советуваме кои адвертајзинг агенции се најважни за да се поканат на определениот конкурс, со што веруваме дека ќе придонесеме да се добијат поквалитетни адвертајзинг проекти“
Повеќе информации за PITCH! можете да најдете тука