Фејсбук планира да инвестира 100 милиони долари во медиумската индустрија, бидејќи во услови на криза, информациите се поважни од кога било порано.
Така, 25 милиони треба да одат кај локалните медиуми кои се веќе дел од проектот „Фејсбук новинарство“, а останатите 75 милиони ќе бидат дистрибуирани до агенциите ширум светот.
Оваа донација е важна затоа што медиумските куќи се меѓу оние кои се најмногу погодени од новата ситуација и пред сè затоа што приходите од рекламирање ќе опаѓаат некое време. Точното и прецизно известување, од друга страна, е поважно од порано, пред сè, затоа што има многу дезинформации, па Фејсбук истовремено се бори и за медиумите и против лажните вести.
“Медиумскиот сектор работи во исклучителни услови за да им обезбеди на луѓето информации и за време на пандемијата на корона вирусот“, наведе Камбел Браум, задолжена за соработка со медиумите.
“Во моментов кога новинарство е поважно од кога било претходно, приходите од огласувањето опаѓаат поради екомомските последици предизвикани од корона вирусот. Локалните новинари се особено погодени токму кога луѓето се вртат кон нив за да ги добијат клучните информации за безбедноста на своите пријатели, семејството и заедницата“, додава таа.
Проектот најпрво ќе се фокусира на оние земји кои се најпогодени од коронавирусот, а во текот на следната недела 50 редакции во САД и Канада ќе добијат по 5000 американски долари за да ги покријат неочекуваните трошоци. Новите 100 милиони долари доаѓаат во прилог на претходно ветените 300 милиони долари што Фејсбук планира да ги инвестира во новинарството, уште една мерка за сузбивање на лажните вести.