Apple се обидува на разни начини да го подигнува духот на луѓето за време на пандемијата на корона вирусот. Во Apple Music е воведена нова плејлиста наречена “Get Up!”, генерирана според AI алгоритам. Од компанијата истакнуваат дека плејлистата ќе биде составена од весели песни кои предизвикуваат насмевка и ги поттикнуваат луѓето да пеат заедно со музиката. Плејлистата ќе биде ажурирана секоја недела со нови песни, а ќе биде надгледувана и од човечки уредници.
Корисниците меже да пристапат до плејлистата преку „јазичето“ „For You“ кое се наоѓа веднаш до стандардните кориснички плејлисти. За оние кои работат од дома, компанијата исто така ја лансираше плејлистата “Home Office DJ” за дополнителна мотивација. Сопствениците на Mac можат да ја користат и опцијата „Live Lyrics“, која ќе им овозможи да го следат текстот на тековната песна во реално време.
За корисниците во САД, а наскоро и во други земји ширум светот, Apple Music ја лансираше и колекцијата „Come Together“ исполента со музика, музички видеа и радио-емисии.