Влијанието на кризата COVID-19 веќе се чувствува во индустријата и брендовите, работите се менуваат од ден на ден, а допрва треба да се направат некои промени. Брендовите во овие ситуации треба да се подготват како за краткорочно работење во вонредна ситуација, така и за долгорочни планови кои ќе следуваат кога ќе дојде периодот на опоравување.
Врз основа на искуството од други пазари, како и глобални и локални предвидувања, агенцијата Поларис, новата агенција на I&F Grupa специјализирана за аналитика на податоци, бизнис консалтинг и предвидување на пазарот, подготви упатства за брендовите како да реагираат во овој момент, но и совети за тоа што да прават кога сето тоа ќе помине.
Агенцијата Поларис ја води Катарина Костиќ, а за сите дополнителни информации можете да се обратите на hello@polaris-see.com.