Некои кинески производители смислија посебни понуди за да ги вратат купувачите во салоните
Во време кога Европската автомобилска индустрија мирува, на најголемиот автомобилски пазар во светот, Кина, кризата од корона се чини дека е надмината и луѓето му се враќаат на вообичаеното секојдневие. Продажбата на автомобили исто така заживува, откако беше забележан голем пад во јануари и февруари. Но, освен попусти, кинеските дилери имаат и дополнителни понуди – пишува Automedia.mk.
– Wuling, заедничката марка на General Motors и Saic, покрај попусти за своите модели, нуди и комплет заштитни маски. Тоа се чини непотребно, затоа што големата земја веќе одамна не се соочува со недостиг од маски. Можеби заинтересираните купувачи ќе го гледаат овој чекор како симболична мерка на заштита или инвестиција во иднината. Пазарот ќе покаже дали необичната акција на Wuling ќе покаже ефект.
– Производителот Guangzhou става акцент на традиционалната кинеска медицина. Тоа што Guangzhou им го нуди на купувачите на својот електричен СУВ со моделско име Aion е ароматерапија. Миризбата што се шири низ кабината, според производителот има лекувачко дејство.
– Geely, којашто на домашниот пазар настапува како премиум марка и во чијшто концерн спаѓа и Volvo, привлекува купувачи нудејќи им: Чист воздух! Geely ги продава своите возила со нов вид на филтер за кабина. По кризата од корона, здравата клима во кабината на возилото е поважна од кога било досега.
Достигнувањето на Geely е дотолку поголемо што новиот филтер за воздух беше развиен за само 20 денови. Системот наречен IAPS навистина функционира и продажбата на возила се зголеми откако почна рекламната кампања. Geely дури и го симна Volkswagen од тронот и стана најпродавана автомобилска марка на кинескиот пазар.
Друга работа што овој пред ја презеде е промена на моделот за тест возења и сега Geely ги доставува возилата пред домот на потенцијалниот купувач.
Возилата се наполнети до врв и дезинфицирани, се оставаат одредено време да мируваат на договореното место и потоа се преземаат назад по извршеното пробно возење. Geely на овој начин овозможи целосно безконтактно купување автомобил. Изборот на моделот, склучувањето договор и потребните формалности исто така се одвиваат онлајн по пробното возење.
Откако ќе заврши целата процедура, преостанува само уште предавањето на клучевите. За и тоа да се врши безконтактно, Geely има план клучевите во иднина да ги предава преку дрон. Откако возилото ќе пристигне кај клиентот измиено и дезинфицирано, во договореното време пристига дрон со клучот за возилото.
Извор: Automedia.mk