Новиот број на италијанскиот магазин Вог излезе на 10 април, а уредништвото реши да објави симбилична насловна страница – само во бела боја.
Насловната страница на априлското издаие на италијанскиот магазин Вог, наместо манекенки и славни личности, е целосно празна, бела и на неа е напишано само името „VOGUE“ и датумот на излегување.
Од редакцијата објаснија зошто се одлучиле за бела боја.
„Да се зборува за што било друго – додека луѓето умираат, лекарите и медицинските сестри ги ризикуваат нивните животи и светот се менува засекогаш – не е ДНК на Vogue Italia“,порачуваат од уредничкиот колегиум на магазинот.
„Одлуката да се испечати потполно бела насловна страница за прв пат во нашата историја не беше донесена затоа што нема доволно фотографии, напротив. Ја избравме белата боја, затоа што симболизира многу работи истовремено.
Белата боја означува пред сè почит. Белата боја е ново раѓање, светлост по темнината, збир на сите бои. Белата е бојата на униформите што ја носат оние кои ги ставаат своите животи на првата борбена линија за да ги спасат нашите. Претставува простор и време за размислување, како и за тишина. Белата е за оние кои го исполнуваат ова празно време и простор со идеи, размислувања, приказни, стихови, музика и грижа за другите. Пред сè, белата боја не е предавање, туку празен лист кој чека да биде испишан, насловна страница на една нова приказна која штотуку треба да започне“, велат од редакцијата на Вог.