Брендот за брза храна Burger King ќе доделува бесплатни Whopper оброци за учениците кои ги негуваат своите вештини во домашни услови.
Компанијата ги поттикнува учениците да ја симнат нивната апликација и да одговараат на прашања од сферите на математиката, биологијата, хемијата и литературата. Доколку учениците ги одговорат точно, тогаш им следува бесплатен оброк кој можат да го подигнат од најблискиот ресторан на брендот.
Кампањата е дело на адвертајзинг агенцијата Buzzman и е создадена како резултат на намалениот промет на Burger King за време на пандемијата. Кампањата ќе трае до 20 април или до доделувањето на 150,000 гратис-купони.
intelligence is 🔥. impress us by figuring these out and score yourself a $0 Whopper with any purchase. pic.twitter.com/DvzfUaItKZ
— Burger King (@BurgerKing) April 13, 2020