Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите.
Преглед на моменталните случувања:
– Мерките за спречување на вирусот и карантинот во овој момент, успешно го запреа експоненцијалното ширење на вирусот. Бројот на ново заразени и починати опаѓа практично насекаде. Според првичните проценки, врвот е достигнат скоро насекаде во Европа. Оваа недела веројатно и во Велика Британија и САД ќе се достигнат врвот. Во Италија, бројот на лица на интензивна нега исто така опаѓа. Така, вниманието постепено се префрла од мерките за спречување на пандемијата кон мерки за заживување на економијата и ослободување на јавниот живот. Првите чекори ги гледаме оваа недела, во Австрија и Данска, како и во Словенија. Ослободувањето ќе биде постепено и ќе се одолговлекува во текот на летните месеци, а социјалното дистанцирање ќе остане некое време, бидејќи лековите и вакцините најверојатно нема да бидат достапни во наредните 12 месеци.
– Кина, како прва земја со карантин, е прва што го враќа животот во нормални текови. Нема доволно податоци за да се каже со сигурност колку брзо ќе се нормализира ситуацијата, но судејќи според некои податоци (на пр. број на летови, патници, сообраќај и метеж, итн.), нормализацијата ќе трае подолго од очекуваното, што нè враќа. до рецесија со U-форма.
– Во текот на изминатата недела видовме дека аналитичарите од најголемите светски банки станаа малку повеќе песимистични во однос на нивните предвидувања за индивидуалните движења на БДП. Очекувањата се движат кон рецесија во форма на U поради побавното ослободување на мерките и одржувањето политика на социјално дистанцирање. Светскиот БДП се предвидува да падне помеѓу 1% и 2% оваа година. Очекувањата за САД се намалени за повеќе од 3%, а падот во Европа веројатно ќе биде уште поголем. Една од првите клучни бројки за глобалната економија ќе биде објавена овој петок, 17 април, кога Кина ќе го објави својот БДП за првиот квартал. Бидејќи Кина го помина практично целиот квартал во карантин, бројките ќе бидат многу интересни.
– Минатата недела, централните банки и државите продолжија да преземаат активности за борба против корона вирусот. ФЕД ја зајакна ликвидноста преку дополнителни 2,3 милијарди американски долари за поддршка на помалите компании, локалните и федералните влади, за купување на ризични обврзници и некои други финансиски инструменти. Исто така во петокот, ЕУ успеа да постигне договор за помош на најтешко погодените земји преку Европскиот механизам за спасување ЕСМ од 540 милијарди евра. Мерките помагаат, но прашањата што се појавуваат се поврзани со високата задолженост на некои земји и што ќе се случи во есен кога ќе истечат голем дел од мерките.
Влијание врз пазарите на капитал
– Мерките на владите и централните банки конечно ги стабилизираа пазарите. Напливот на пари го смири стравот од ликвидносна криза и паничните продажби се смирија. Како што видовме најбрз пад на мечкиниот пазар во историјата, така видовме и најбрзо враќање на пазарите во историјата, поголемо од 20%. Пазарите на тој начин достигнаа ниво на привремена рамнотежа, но оваа недела истата може да биде нарушена со првите објави на деловни резултати за првиот квартал. Најпрво ќе стартуваат американските компании, особено банките, но лакмусовата хартија првенствено претставуваат технолошки компании кои имаат најголем процент во глобалните индекси.
– Минатата недела се забележа забрзување во деловната комуникација. Како на подвижна лента, сите ги повлекуваат предвидувањата за 2020 година и ги корегираат многу во надолна линија, притоа нагласувајќи дека околината е премногу неизвесна за да има високо ниво на доверба во новите предвидувања. Факт е дека 2020 година е изгубена во однос на растот, па аналитичарите сè повеќе ја разгледуваат 2021 година и се обидуваат да проценат кои компании најбрзо ќе закрепнат, а кои ќе продолжат да имаат проблеми следната година поради бавното закрепнување или промената на навиките на потрошувачите.
– Договорот со ОПЕК+ за намалување на производството на нафта ќе го намали вишокот понуда на пазарите, но факт е дека како последица на мерките за карантин ќе остане вишок и историски гледано, истиот сè уште е огромен. Мерките на ОПЕК+ на краток рок можат да помогнат малку во стабилизирањето на цените на нафтата, но уште поважен е долгорочниот договор, затоа што ако се почитува и исто така оние кои што не се членки го намалат производството на нафта на подолг период поради ниските цени (заради непрофитабилноста на новите инвестиции), може да очекуваме до крај 2020 и 2021 година стабилизацијата на цените на нафтата на многу повисоко ниво од сегашната цена. Но, бидејќи сите овие договори содржат многу услови, не треба да се очекува поголемо закрепнување на цената на нафтата на краток рок.
– Пазарите на обврзници се стабилни, а централните банки повторно ја вратија “контролата” врз пазарот. Ликвидноста се олабави и разликите помеѓу куповната и продажната цена се намалија. Поплавата од нови емисии на пазарот на обврзници продолжува. Државите брзаат да издадат нови обврзници и инструменти за финансирање на мерките за коронавирус. Меѓу тие земји е и Словенија, која издаде обврзници во вредност од 2,25 милијарди евра минатата недела. Очекувањата за следниот месец се движат во насока на стабилни приноси, за да можат централните банки да ги контролираат движењата на пазарот на обврзници преку нивното работење (главно купувањата).
Совети за инвеститорите:
– За инвеститорите со долгорочни гледишта, остануваат непроменети препораки. Движете се по зацртаниот пат. По 2021 година, се очекува само мало влијание на вирусот врз економијата, така што инвеститорите треба да ги задржат своите инвестициски стратегии и темпото на вложување. Поплавата од новосоздадените пари ја зголемува долгорочната привлечност на акциите особено на штета на банкарските депозити.
– Логиката за реализирање на добивката останува слична на онаа од претходната недела. Инвеститорите кои успеале да вложат поголем дел од своите средства по цени блиску до дното, сега можат да ги реализираат профитите и да ги префрлат средствата во побезбедна инвестиција. Приносите на пазарите се вратија од дното за околу 20%, што е одлично и претставува неколкугодишен принос, па затоа реализацијата на профитите има смисла. Сите оние кои го пропуштија дното треба да одржат стратегија за стабилен влез на пазарот. Следните недели и месеци сепак ќе се јават можности за добри купувања, а за тоа е потребно силна волја и претпазливост.
– Здравствените, прехранбените, ИТ компаниите како и основните комунални услуги остануваат најатрактивни индустрии. Нашите фондови инвестираат во акциите од овие компании, а адаптациите на портфолија ги одразуваат очекувањата за идните случувања, така што ја задржуваме препораката за претпазлива структура на портфолиото и диверзификација на средствата помеѓу различни категории и региони. Во текот на следните 30 дена, многу компании ќе ги објават своите предвидувања за 2020 година, така што по овој период ќе биде полесно да се се искристализираат одредени работи.
– Во наредните недели поради резултатите пазарите ќе станат уште понепредвидливи. Може да се очекуваат повеќе флуктуации, во случај на многу лоши резултати и предвидувања, можно е дури и тестирање на дното, но од друга страна добрите резултати може предизвикаат овие нивоа да претставуваат моќна отпорна точка. Централните банки и државите создадоа голем вишок на ликвидност, што само по себе не генерира економски раст, но може значително да ги зголеми цените на хартиите од вредност, како што видовме во пост-кризниот период. Затоа, на моменти, не е соодветно најголемиот дел од инвестициите да бидат во акции, а не и во банкарските депозити. Диверзификација на средствата помеѓу различни категории останува основно правило за штедење.