На првиот виртуелен “Жени во маркетинг индустријата” самит кој го најавивме минатате недела ќе се вклучат гости од 20 земји меѓу кои и маркетинг директорката на една од најголемите компании “ IBM“, Раки Вориа која пред да дојде на оваа позиција беше извршен директор во “Microsoft“.
Од Лос Анџелес ќе се приклучи и поранешната извршна маркетинг директорка на “LA Lakers“ , “MTV“ & “CBS“ Џули Цвислер која денес раководи со “Fabric“ , апликација која користи зголемена реалност за поврзување помеѓу луѓето.
Други гости вклучуваат Одета Мале, директор на најголемата ПР агенција во Албанија, Landmark Communications, Теодора Мегдаловици, официјален амбасадор и тренер на “Cannes Lions “, Ади Созин која на настанот раскажува како преку брендинг стратегија нејзиниот бренд постигна продажба од 108 милиони долари, Сузана Никифорова пионер на концептот на системско брендирање и основач на “Anima Way Branding“ , Ели Пешева, директор на комуникации во “ Њу Момент “
Целосната листа на гости е објавена на веб страната каде заинтересираните можат и да се регистрираат https://womeninmarketing.app.virtualsummits.com/ . Настанот ќе го модерира Аријана Коскарова, основач на Creative Hub и организатор на самитот.
33 спикери, 20 земји, 4 континенти ќе говорат на теми: Бренирање и ПР, Од креативност до вештачка интелигенција, Дигитална продажба и стратегии, Основачи на Агенции, Развој на кариера во маркетинг индустријата, нетворкинг и настани и Дигитален Маркетинг.
Настанот е во организација на Академијата за дигитален маркетинг на Creative Hub и е бесплатен за следење. Идејата на настанот е во време на корона да се поврзат жени од маркетинг индустријата од сите страни на светот и да дадат свој придонес во едукација и мотивација на оние кои имаат пасија да работат во оваа професија.
Маркетинг365 е официјален медиа партнер на настанот