Бадвајзер ја реобјави својата легендарна ‘Whassup’ реклама речиси 20 години откако таа за прв пат беше пласирана во јавноста – овојпат со “карантински” наратив :)
Денеска, пивскиот бренд ја објави својата нова реклама, која ги носи истите сцени на четворицата пријатели кои меѓусебе се прашуваат “Што има?” (‘Whassup’ ) – но наместо делот со “гледање на натпревар на ТВ”, ликот вели дека “е во карантин, со пивце” :)
Заедно со рекламата, брендот го промовира и хаштагот #TogetherAtADistance со кој ги охрабрува луѓето да “ги проверат” своите пријатели додека се на дистанца.
Еве го римејкот на ‘Whassup’