Microsoft одлучи да ја повлече новата реклама со Марина Абрамович по обвиненијата дека е поврзана со сатанизмот
Уметницата беше главна ѕвезда во рекламата за новите очила за виртуелна реалност на Microsoft –Hololens 2, кои им овозможуваат на корисниците да гледаат дигитални проекции во комбинација со надворешниот свет.
Абрамович во мини-видео зборуваше за својот нов проект на измешана реалност.
„Верувам дека уметноста на иднината е уметност без препреки. Ова е само чиста трансмисија на енергија помеѓу уметникот и гледачот“, рече таа во клипот што подоцна беше избришан од„ ЈуТјуб.
Објавената снимка наиде на жестоки напади и доживеа рекордни 24.000 негативни реакции на обвинувања за вмешаност во сатанизам, објави магазинот „Тајмс“.
https://twitter.com/joslyne_raquel/status/1249497970900226051



















