Како продолжение на својата “Thank You Meals” кампања, МекДоналдс објавува твит со 110 емот иконки “аплауз” .
Секоја вечер, додека се слушаат аплаузи и песни за здравствените работници на улиците во Њујорк, МекДоналдс ја реплицира истата активност на Твитер со патерн од “аплауз” емотикони.
Сетот од “аплаузи”, 110 во секој твит, покажува раце во различни бои на кожата, како симбол на сите луѓе кои им искажуваат благодарност на здравствените работници. Ако погледнете повнимателно, забележливо е како една група на “раце кои аплаудираат”, со жолта боја, го истакнува М симболот кој е препознатлив за компанијата, нешто што секако е во втор план на оваа активност.
Овие твитови предизвикуваат особен интерес и интеракција, па во просек позитивниот енгејџмент е речиси 5 пати поголем отколку вообичаено.