Чудно е да се замисли дека претходно луѓето имаа бесконечен избор за брза храна, но сега сето тоа е затворено поради пандемијата на Ковид-19. Слободно може да се каже дека желбата да се јаде добар бургер за многу луѓе е навистина голема.
Во Јужна Африка сите ресторани се заторени до понатамошна одлука на властите, вклучувајќи ги и рестораните на Burger King. Со цел да не предизвикува непотребни искушенија кај своите фанови, брендот за брза храна објави серија од реклами во кои различните бургери, помфрити и поховани производи се цензурирани.
„Почнувајќи уште веднаш, нашиот адвертајзинг ќе оди во карантин од почит спрема вашето сетило за вкус,“ соопштија од Burger King. Иако официјално целта на кампањата е да не предизвикува искушение, сите знаеме дека ќе го направи сосем спротивното. Според агенцијата Saatchi & Saatchi South Africa која стои позади кампањата, „ние го посакуваме она што го немаме.“