Брендот за спортска опрема Adidas ја објави својата нова кампања насловена “Ready For Sport” („Подготвени за спорт“), со која сакаат да ја потсетат јавноста колку ќе биде добро чувството штом спортот се врати во нашите животи.
Спотот на кампањата претставува колаж од веќепостоечки снимки, а нарацијата ја води њујоршката раперка Princess Nokia, пренесувајќи ја моќната порака на Адидас.
Кампањата вклучува и специјални стикери за Instagram, поттикнувајќи ги луѓето да споделуваат која е нивната омилена спортска активност на која едвај чекаат да ѝ се вратат.
Кампањата е дело на креативната агенција Iris.