Дури и пред пандемијата на корона вирусот, одржувањето на личен простор и социјална дистанца е составен дел од финскиот менталитет кој може да се забележи редовно на автобуските постојки, во маркет или пак во пошта. Сепак, во време кога финската влада размислува да ги намали рестрикциите на движење, важно е да се потсетат Финците дека одржувањето на потребното растојание од 2 метри е од клучно значење за одржување на јавното здравје.
Со таа цел, една од најголемите фински компании за малопродажба, HOK-Elanto, објави принт реклама во финскиот дневен весник Helsingin Sanomat која може да се чита само доколку сте оддалечени од неа барем 2 метри. Пораката на рекламата гласи: „Останете безбедни. Од дистанца.“
Во време кога печатените медиуми се во постојан пад ширум светот, навистина е освежувачки кога ќе се види некое иновативно креативно решение во дневен весник. Агенцијата која стои позади рекламата е TBWA\Helsinki.