Според сé погласните шпекулациите кои се појавија во последните два дена, американскиот технолошки гигант Apple планира да префрли една петтина од своите производствени капацитети од Кина во Индија. Веста сепак не е сé уште официјално потврдена од страна на компанијата.
Како поттик за ваквата одлука се споменуваат новите поволни мерки кои владата на Индија ги понуди на компаниите со цел да се поттикне локалното производство во државата.
Моментално, Apple има прозводствени договори со тајванските компании Foxconn и Wistron, чии фабрики всушност се ноаѓаат во Кина, за производство на смартфони и други уреди. Foxconn стана позната на светската јавноста по лошите работни услови во својата огромна фабрика во Шенџен, Кина. Исто така е интересно е да се истакне дека кон крајот на март годинава, Wistron најави дека планира да пренесе 50% од своето производство надвор од Кина до 2021 година.
Шпекулациите велат дека Apple ќе ги искористи истите две контракторски компании да почнат да произведуваат смартфони во Индија во вредност до 40 милијарди долари, главно за извозни цели. Apple досега држеше мал удел во пазарот на производство на смартфони во Индија, произведувајќи ги таму само моделите iPhone 7 и iPhone XR, а претходно моделите iPhone SE и iPhone 6S.
Што се однесува до локалната продажба на уреди, таа главно се остварува преку препородавачи, бидејќи Apple нема свои официјални продавници во државата. Сепак, во последниот квартал, уделот на Apple во продажбата на премиум смартфони во Индија достигна 62.7%. Во таа насока, генералниот извршен директор на компанијата, Тим Кук, во февруари годинава истакна дека очекува првата официјална Apple продавница во Индија да биде отворена во 2021 година.