Шестиот регионален форум на комуникациски лидери IZAZOV 2020 ќе се одржи од 2 до 4 јуни, како што беше планирано, но во малку поинаков формат. Имајќи ја предвид сегашната состојба со вирусот COVID-19, порталот Маркетинг мрежа, која е организатор на форумот, реши IZAZOV 2020 да го одржи онлајн. Покрај тоа, наместо два, годинешниот настан ќе трае три дена, а ќе се одржи под слоганот „Don’t beautify the world, CHANGE IT“.
„Забрзаните промени и дигитализацијата предизвикани од сегашната глобална криза нè поттикнаа да се трансформираме, да прифаќаме трендови и да продолжиме со вмрежување и едукација на струката, но и да покренеме многу важни теми за сите учесници на пазарот на маркетинг комуникации. Сите зборуваме за промени, а токму сега е вистинското време да направиме чекор напред и тие промени навистина да ги спроведеме на дело. Како професија, ние мора да ги прифатиме предизвиците и не смееме да застанеме, затоа придружете ни се на почетокот на јуни на иновативен, интерактивен онлајн IZAZOV“, рече Ивана Парчетиќ Митиќ, основач и извршен директор на Маркетинг мрежа.
Овогодинешниот форум IZAZOV ги поместува границите на организирање настани во Србија и ќе ги собере најважните имиња од домашниот и регионалниот свет на маркетинг, ПР и дигитални комуникации. На онлајн настанот се очекува да учествуваат повеќе од 500 компании и агенции од целиот регион.
Програмата на онлајн форумот останува иста како што беше најавено, а новитет е можноста за организирање состаноци и speed dating на компаниите и агенциите во текот на трите дена на форумот.
Овогоденашниот настан ќе го отвори Хели Рутсалаинен, Business Development Director, Dentsu Aegis Network, која исто така е и главен говорник на форумот IZAZOV 2020. Таа ќе зборува на тема „Be a silobreaker: How marketing can drive digital transformation“, односно како агенциите можат да им помогнат на компаниите во овој процес.
Темите на форумот ќе бидат и миграцијата на вработените – како да се привлечат и задржат луѓето во компаниите и агенциите во ера на криза на таленти; B2E бизнис моделот на иднината; кој ги поставува правилата на играта и кој ја презема одговорноста за (не) успехот; дали постои рецепт за успех на регионалниот пазар и со какви проблеми се соочуваат агенциите и компаниите кои работат на регионално ниво? На форумот, исто така, ќе се разговара за тоа како да обезбеди одржлив и прилагодлив бизнис, како да се прилагодат производите и услугите на побарувачката на пазарот, како и за тоа, какво е искуството што брендовите го создаваат за нас и како брендовите да бидат повеќе човечки, емоционални и ангажирани.
Посебен сегмент на форумот ќе биде посветен на поттикнување дијалог помеѓу агенциите и компаниите преку разни видови интерактивни работилници, а ќе се организира и тимбилдинг за учесниците. Во рамки на работилниците, своите студии на случај, меѓу другите, ќе ги презентираат и компаниите MARS, Bekament, Apatinska pivara, Bambi, Forma Ideale, Vip Mobile, PepsiCo и Ušće Shopping Centar.
Како и во претходните години, на форумот IZAZOV 2020 ќе биде претставено и најновото истражување на состојбата на струката во регионот, направено од Маркетинг мрежа и истражувачката агенција Smart + Research.
Повеќе информации пронајдете на сајтот: www.izazovforum.rs