Брендот за брза храна KFC се подготвува за повторно отворање на своите ресторани во Обединетото Кралство, по постепеното укинување на рестрикциите поврзани со пандемијата на Ковид-19.
Со цел да го најави своето враќање, KFC лансираше реклама во која им порача на своите фанови, кои во меѓувреме се обидуваа да ги имитираат оброците на KFC во домашни услови, дека брендот „ќе превземе од тука“.
Во суштина, рекламата претставува кулминација на кампањата #RateMyKFC, со која брендот за брза храна ги охрабруваше фановите во карантин да се обидат да го ре-креираат вкусното поховано пилешко на KFC и да ги споделат своите успешни и помалку успешни обиди на социјалните мрежи.
Позади кампањата стои адвертајзинг агенцијата Mother London.