Италија веќе почна да ги олабавува мерките поврзани со пандемијата – луѓето веќе можат слободно да се движат надвор, но затоа задолжително мора да носат маска, нараквици и да одржуваат социјално растојание. И додека некои брендови се обидуваат да испратат до јавноста сериозни пораки на поддршка и истрајност, други се одлучуваат за хумористичен пристап.
Таков е новиот случај со Burger King, каде брендот за брза храна лансираше специјален бургер кој треба да го „охрабрува“ социјалното дистанцирање (т.н. “Social Distancing Whopper”). Начинот на кој ќе го направи тоа? Преку екстра кромид.
Претходно да јадевте таков сендвич и потоа да продолжевте да се шетате меѓу луѓе би бил лош социјален чекор, но сега – тоа е општествена одговорност! :)
Кампањата е дело на адвертајзинг агенцијата Wunderman Thompson Italia од Милано.