Во средата, 20 мај, во Европската Унија стапи на сила забраната за цигари со вкус на ментол, која има за цел да ги обесхрабри младите и да ги одврати од пушењето.
Забраната за ароматизирани цигари и тутунски производи стапи во сила уште во 2016 година, но производите со пазарен удел од над 3%, како што се цигарите со вкус на ментол, досега беа изземени.
Регулативата зависи од Директивата на ЕУ за тутунски производи, која беше донесена во 2014 година по напорни преговори, притисоци во индустријата и правни предизвици.
Директивата исто така наложува цигарите и производите од тутун да содржат уште поостри здравствени предупредувања кои ќе покриваат 65% од предната и задната страна од кутијата. Земјите-членки на Унијата, исто така може да имаат и оголени пакувања.
Правилата треба да ја намалат стапката на пушење кај младите. Европската комисија вели дека пушењето е најголемата причина за предвремена смрт во ЕУ.
Според податоците на Комсијата, во ЕУ, 26% од вкупната популација и 29% од младите Европејци на возраст меѓу 15-24 години се пушачи.