(РЕГИОН) – Од 1 јуни 2020 година, менаџирањето со Media Pool-от во Словенија ќе го преземе тричлен управен одбор во кој ќе учествуваат претставници од компаниите кои се сопственици, објави денеска MarketingMagazin.si
На чело на Media Pool ќе бидат Дали Бунгиќ, директорка на Luna TBWA, Примож Пушар, директор на Пристоп и Марко Вичиќ, основач и партнер на Futura DDB. Истата оваа тројка ќе биде задолжена и за стратешки развој и менаџирање на конференцијата SEMPL.
Оперативната работа на компанијата ќе ја извршува Шпела Наглиќ Павли, која ја извршуваше позицијата помошник на директорот во последните седум години.
Како што објавивме претходно, досегашната директрока Валерија Преволешек која упрашуваше со Media Pool во последните 10 години, продолжува на позицијата Директор во агенцијата “Пристоп Медија”.