Ние сме ние #fromhome или #fromoffice
Кризните ситуации јасно покажуваат кој е каков. А ние бевме ние и во состојба на #directfromhome, во претходните нешто повеќе од два месеци пандемиска работа од дома.
Веднаш се договоривме, да бидеме поддршка на нашите партнери во кризните моменти, но не само тоа. Се чувствувавме должни да не дозволиме индустријата да се откаже. Сакавме да бидеме двигател. Да ја испратиме пораката дека мора да бидеме силни кога е тешко.
Разговаравме, пишувавме, дизајниравме и постиравме.
https://www.youtube.com/watch?v=87Az9FNe91g
United Grupa, од кои сме дел, донираше 3 милиони долари помош, со цел што поскоро да се стави крај на кризната состојба и да се сведе на минимум бројот на заболени погодени од пандемијата.
Тоа ги постави темелите, а потоа тргнавме во акција на повеќе полиња.
Прво инициравме #CarpeDMday каде што скоро секој ден, некој од вработените, преку социјалните медиуми, ја презентираше својата рутина од дома. Како е наместено работното опкружување, како изгледа релаксацијата и забавата, но и како изгледа она најинтересното: храната. Поентата беше да се охрабриме самите себе дека можеме сè достигнеме и можеме да сториме сè.
На десеттиот ден од работата од дома започнаа вебинарите Direct Talks From Home, преку кои се обративме до стручната јавност со различни прашања. Така разговаравме за медиумите, брендовите, трендовите, иновациите, човечките ресурси, корпоративните комуникации, општествената одговорност и се разбира, за неизбежната тема „Ковид-19“. Над 30 соговорници поминаа низ Direct Talks, а бројот на посетители кои ги слушаа вебинарите надмина 1500. Доколку пропуштивте некои од нив, можете да ги најдете на нашиот YouTube канал.
Паралелно се организирани вебинари помеѓу вработените. Над 20 вработени добија улога на предавачи во проектот Direct Online EDU, презентирајќи им го на колегите своето поле на експертиза од креатива, дигитал, медиуми, човечки ресурси. Се споделуваа решенија, примери, успешни проекти, се дискутираше и инспирираше. Сè со цел да се одржи тимскиот дух, но и да научиме нешто повеќе за време на карантинот.
На вработените им беше понуден и сет на механизми Direct Support за прилагодување на работата од дома – од предавања на тема услогласување на семејни и деловни обврски, преку работилници за развој на емоционална интелигенција, до учество во вебинари за психолошка поддршка и можност за закажување индивидуални психолошки сесии.
Исто така бевме и поддршка на акцијата Аплауз во осум. Нашиот креативен тим, во соработка со Alma Quatro, ја креираше кампањата, која за некои претставуваше лудост, затоа што кој воопшто се шета по улиците за време на карантин !? Но, за нас претставуваше совршенство, затоа што на улиците се движеа нашите херои, луѓето на кои им беше упатен Аплаузот во осум и кои во текот на денот можеа да видат што ги чека во 20 часот и се надеваме, во тие моменти добија енергија да поминат уште еден напорен ден на тешка борба.
Но, тоа не е сè. Секој што го држеше весникот Неделник во свои раце во втората недела од април, треба да знае дека неговата насловна Covid19 – Невидлив непријател, достојна на магазинот „Тајм“, е дело на нашиот арт директор Стефан Гајиќ, кој заедно со “Буро Србија“ си „поиграа“ со најпознатите насловни страници на светските списанија, замислувајќи како би изгледале во време на корона.
Кога сме кај креативниот тим, тука е и акцијата „Пост на денот“. Дизајнерскиот дел на тимот секој ден објавуваше по еден уметнички пост на својот Инстаграм профил, со што ги разубавуваше деновите за сите љубители на уметноста. Имате наша топла препорака да ја посетите Инстаграм страницата Direct Media Creative (DMC).
Во првата недела на работа од канцеларија, лансиравме Direct PERSPECTIVE – истражување за работењето во Србија во постковид периодот. Бидејќи вашиот став е важен за нас. Затоа што мораме да знаеме како да продолжиме.
Дали сме задоволни од што го постигнавме? Секако.
И помотивирани да креираме уште повеќе. Да бидеме двигател и поддршка во неизвесните моменти.
Вашиот ДМ тим
#directfromoffice