Без медиски буџет и без никаков бренд, група креативци во Торонто ја здружија својата фантазија (од дома секако) и ја смислија кампања #MakeCovidLonely, насочена кон промовирање на социјалното дистанцирање.
Целта на ова видео од 60 секунди е едноставна, велат членовите на тимот. Тие сакаат да ја истакнат важноста на дистанцирањето, иако многу жители кои се во карантин, разбирливо, сакаат човечки контакт по неколкумесечна изолација.
„Ковид-19 сè уште може да изгледа апстрактно за многумина, што им го отежнува одржувањето на физичката дистанца“, вели Метју Дона, еден од креативните директори на проектот. „Социјалното растојание нè прави осамени. Но, тоа исто така го прави осамен и Ковид-19. И тоа е единствениот начин да го победиме “.
Оваа кампања, неодамна лансирана на YouTube и други платформи, го прикажува анимираниот лик Ковид-19 на бројни локации, поминувајќи го времето во осаменост. Суштеството е креирано со 3Д моделирање, така што неговите движења можат да се контролираат и може да изгледа како да има чувства. Идејата е дека суштеството може да се постави во било кое опкружување.
Како саундтрак, тимот ја избра песната „Mr. Lonely“, класика од 1962 година испеана од Боби Винтон.
Во овој краток филм, двоножното чудовиште го посетува Тајмс Сквер, како и многу плажи, паркови, деловни окрузи, игралишта и железнички станици. Сè е празно, што го прави овој лик тажен. Неговите рамената и главата се спуштени, како знак на разочарување. Неговата очајна потреба за друштво е толку голема што во еден момент држи картон на кој пишува „бесплатно гушкање“.
“Не се залажувајте“, велат креативците.
„Трансформирајќи го„ Ковид-19 “во видливо суштество, се надеваме дека ќе ги потсетиме луѓето што можеме да постигнеме кога практикуваме социјално дистанцирање“, рече Томас Даг, 3Д-артист кој работел на видеото. „Ние сме тие што ја контролираат инфективната моќ на вирусот – тој не може да се шири ако е осамен“.
Во серијата Инстаграм објави, тимот го постави крзненото чудовиште на фотографии од големите градови, правејќи го да изгледа несреќно на напуштени локации, како плажата Венеција во Лос Анџелес, кај Триумфалната капија во Париз или пред базиликата „Свети Петар“ во Ватикан.