Популарниот италијански бренд за скутери Веспа се обидува да ја врати позитивноста на пост-воениот адвертајзинг од 1950-те, преку обнoва на слоганот “Vespizzatevi!” (“Let’s Vespa!”; „Ајде да веспаме!“).
Во време кога луѓето очекуваат некакво враќање кон нормалноста после повеќемесечниот карантин, новата постер-кампања на Веспа се обидува да ги поттикне слободарскиот дух и благодарноста за секојдневните мали радости во животот.
Еден од постерите прикажува жена која се вози на скутер „конечно заедно“ со радосното сонце, додека пак друг потсетува на мирното ноќно возење со месечината. Останатите постери укажуваат на друштвениот аспект на возењето Веспа, но и го претставуваат скутерот како можност да се ослободиме од здодевното секојдневние на бучните градови.
Постерите од кампањата ќе може да се сретнат во out-of-home, принт и дигитален контекст. Кампањата е дело на агенцијата BBH и кретивците Вил Макси и Марк Рајсон.