Социјалната платформа Snapchat соопшти дека нема повеќе да го прикажува профилот на американскиот претседател Доналд Трамп во делот Discover на апликацијата.
Одлуката доаѓа по обвинувањата насочени кон Трамп дека со своите коментари тој поттикнува насилство и придонесува кон продлабочување на општествената криза предизвикана од протестите против полициската бруталност и расната нееднаквост во САД.
„Ние нема да ги засилуваме гласовите кои поттикнуваат расно насилство и неправда преку давањето на бесплатна промоција во Discover. Расното насилство и неправда немаат место во нашето општества и ние стоиме заедно со сите оние кои сакаат мир, љубов, еднаквост и правда во Америка,“ истакнуваат од Snapchat.
Меѓутоа, профилот на претседателот Трамп е сé уште јавен и достапен за оние кои го следат или сакаат директно да пристапат до него.