Акцијата носете маски е наменета на визуелно експлицитен начин да ги потсети и да ги охрабри граѓаните да користат лична заштитна опрема односно заштитни маски за да се заштитат себе си и другите од Вирусот КОВИД-19 чие што ширење напредува и се потешко се контролира.
Преку оваа акција сакаме на свој активистички начин преку поставување големи заштитни маски во јавниот простор да укажеме на граѓаните дека мора да се почитуваат мерките за заштита од Корона вирусот и дека носењето маски е еден од најдобрите начини за тоа.
Маските се поставени на дваесетина места во Битола и се надеваме дека на овој начин ќе ја поттикнеме културата на носење маски и самозаштита во овие тешки времиња на здравствена криза.