Нема медиум кој во изминатиот период не објави барем една вест поврзана со пандемијата на Ковид-19, особено за тоа кои се карактеристиките и симптомите на вирусот, односно кои се мерките и препораките за тоа како да се заштитиме од него. Овие информации често беа проследени и со соодветни илустрации и графики – некои поефектини, некои не.
Унгарската креативна агенција Greenroom неодамна објави уникатен сет од креативи кои го објаснуваат вирусот и неговите особини како да се работи за група од секојдневни производи. Меѓутоа, кампањата јасно ни посочува дека ова се производи кои навистина не сакаме да ги имаме.
Кампањата се спроведува на повеќе outdoor локации низ Унгарија, како и на социјалните медиуми.