За време на дводневната емисија против расизмот чиј домаќин е Опра Винфри, компанијата Procter&Gamble започна моќна реклама, во која не само што ја поддржуваат „Црната заедница“, туку бараат од белите луѓе во Америка да го кренат нивниот глас и да престанат со расизмот. Ова видео е најдиректна молба упатена до јавноста и е наследник на револуционерните реклами на оваа компанија, видеото „The Talk“ од 2017 година и минатогодишното видео „The Look“.
Зад рекламата објавена минатата недела од Кит Картрајт стои агенцијата Grey and Cartwright со седиште во Лос Анџелес. Со песната “Doomed” изведена од Moses Sumney, спотот наведува на размислување како Афроамериканците во Америка ќе одговорат на она што се наметнува „одново и одново дека нивните животи не се важни?“
Во рекламата се појавува грбот на бел човек, на кој пишува дека „да се биде бел во Америка значи дека нема потреба да потенцирате дека вашиот живот е важен. А, кога вашиот живот е важен, имате моќ. Па се упатува молба до белите Американци да ја искористат својата моќ во “време кога треба да се биде анти-расист“.
Спотот ги инспирира поединците да преземат акција за да го создадат светот во кој сите сакаме да живееме, предизвикувајќи ги да излезат од нивните комфорни зони, да читаат, слушаат, донираат, планираат, маршираат, гласаат, да зборуваат, интервенираат, чекорат напред.
“The Choice“ ја зајакна посветеноста на компанијата P&G кон „Црната заедница“ во Америка и ги префрла дискусиите за расите на највисоко ниво на државна свест.
„Видеото The Choice е истовремено и изјава и прашање и предизвик и покана“, вели Дејмон Џонс, шеф за комуникации во P&G. „Во мојот живот никогаш не сум видел таква потреба како во овај момент, поединците и компаниите да го подигнат својот глас – не со своите мисли и молитви, туку со намерни, трајни активности. Се надеваме дека ќе ги инспирираме повеќето тивки луѓе не само да станат сојузници, туку и да се залагаат за борба за еднаквост. А ние сме посветени да им помогнеме на тој пат“.