Неодамнешното објавување на новиот Sony PlayStation 5, кој на пазарот треба да се појави на есен, повторно го актуализираше вечното прашање за играчките конзоли: PlayStation или Xbox? Меѓутоа, во целата збрка се појави неочекуван предизвикувач – брендот за брза храна KFC.
На својот гејминг профил на Твитер, кој KFC го користи од 2018 година за споделување на мемиња и преработени видео игри со KFC-тематика, брендот објави видео со кое наводно го претставува својот нов производ – сопствена играчка конзола наречена „KFConsole“, која во суштина, изгледа на хај-тек корпа за поховано пилешко.
The future of gaming is here.
Introducing the KFConsole. #PowerYourHunger pic.twitter.com/ssUrX41Ab1
— KFC Gaming (@kfcgaming) June 12, 2020
Кон забавата се приклучи и официјалниот Твитер профил на Xbox, кој го постави прашањето „Дали може да се сврти на страна?“, укажувајќи на скорешните мемиња поврзани со PlayStation 5 кој според Sony ќе може да се користи и легнат на страна.
Во видеото на KFC беше истакнат датумот 12 ноември 2020, па останува да видиме дали оваа шега на KFC има одложен завршеток – зошто да не и некаков вистински производ, како на пример мала скаричка? :)