Одличен пример за вирален маркетинг
Сите знаат какви можат да бидат ефектите од рекламирањето кое силно се потпира на социјалниот контекст. За жал, за повеќето организации ова е голем предизвик затоа што подразбира висок степен на агилност и на огласувачите и на агенциите.
Во време кога епидемиолошката ситуација во Хрватска беше неповолна, Подравка увиде многу можности за смислена интеракција со граѓаните. За многу кратко време, компанијата ги прилагоди производството и комуникацијата. Во време на криза, граѓаните очекуваат од брендовите поддршка, инспирација, охрабрување и конструктивен поглед на состојбата.
Една од таквите активности беше микро-кампањата за легендарниот грав на Подравка, која компанијата ја лансираше во соработка со агенцијата Bruketa&Žinić&Grey.
Со пораката дека гравот е најефикасен начин за да се задржи социјалната дистанца, беше поставена фотомонтажа на билборд на фејсбук страницата Meanwhile in Croatia со цел луѓето да се насмеат и да се поттикнат на интеракција.
За само неколку часа, фотографијата стана вирална – многу фејсбук страници и медиуми ја споделија шегата, а стигна поддршката и од некои од водечките хрватски инфлуенсери, како Иван Шариќ и Марко Вулетиќ.
Овој пост ги потсети околу милион луѓе на легендарниот грав Подравка, при што повеќе од илјада луѓе ја споделија објавата на своите профили со повеќе од 50.000 реакции.