(РЕГИОН) – Сите маркетинг агенции од Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Словенија и Црна Гора ќе можат да се пријават за учество на третото по ред издание на BalCannes, регионалната ревија на најдобри кампањи која ќе се оддржи за време на Викенд Медиа Фестивалот во Ровињ – а кој го органзиира HURA (Хрватското здружение за бизнис комуникации).
Пријавите за BalCannes 2014 се отворени до 1 септември и можат да се направат електронски преку следниов веб сајт.
Оваа година можат да се пријават проекти кои се реализирани во периодот од 01.05.2013 до 01.07.2014 во облик на видео претставување на проектот до 3 минути.
BalCannes е одлична можност за сите агенции од регионот да се претстават со своите најквалитетни проекти пред регионалната огласувачка јавност како би го привлекле вниманието на регионалние компании и нови потенцијални клиенти.
Меѓу новостите за овогодинешниот настан е и воведувањето на две нови категории: нискобуџетни кампањи (за проекти кои се реализирани со вкупен медиски буџет до 50,000 евра) и посебната категорија GHOST во која агенциите можат да пријават проекти кои никогаш не биле реализирани.
Пријавените кампањи покрај појавувањето на Викенд Медиа Фестивалот ќе бидат поставени и во BalCannes YellowPages датабазата која ќе биде активна цела година.
За повеќе информации посетете го веб сајтот http://www.balcannes.com/