По успешното лансирање на луѓе во вселената, компанијата за вселенски истражувања SpaceX, предводена од Елон Маск, ја покани јавноста да се регистрира за бета-тестирање на вселенскиот интернет сервис Starlink.
Сервисот Starlink е всушност мрежа од 500 сателити во орбитата на Земјата лансирани од страна на SpaceX, со цел овозможувње на брз и безбеден интернет пристап до секое место на Земјината топка.
Бета-тестирањето на сервисот се очекува да започне во текот на следните неколку недели и да трае за време на летните месеци. Заинтересираните може да се пријават со својата електронска адреса и поштенски број и да чекаат известување од компанијата за почеток на тестирањето во нивниот географски регион.
Според претходни твитови на Елон Маск, првите тестирања се очекува да се случат во градот Сиетл во САД, како и во Германија. Комерцијалното лансирање на интернет сервисот е планирано за крајот на годината.
SpaceX ветува дека мрежата Starlink ќе овозможи огромни брзини на интернет од 1 гигајбајт во секунда, ќе обезбеди интернет и до руралните места на Земјата кои досега немаа пристап до него или се соочуваа со слаба конекција, а ќе понуди и многу поефтини интернет услуги за корисниците во урбаните подрачја.