На 15 јуни, порталот Маркетинг мрежа го распиша конкурсот за шестото национално доделување на годишните награди во Србија – KAKTUS 2020. Наградите се доделуват во 24 категории, а ги добиваат организации, компании, институции и агенции за најквалитетните и најпрофесионалните поединечни и интегрирани кампањи во изминатата година.
За тоа кој ќе ги добие овогодишните награди KAKTUS, одлучува стручна жири комисија која ја сочинуваат признати и угледни професионалци од креативни, ПР, дигитални агенции и продукциски куќи од Србија и регионот.
Жири комисијата од Србија оваа година ќе работи во состав: Ана Шутиќ, Creative Director, New Moment New Ideas Company; Џорџе Јанковиќ, Chief Creative Business Designer, New Startegy; Горан Јанкулоски, Managing Partner, Žiška; Јелена Драгишиќ, Head of Creative, LUNA\TBWA; Јосип Модли, Partner / Chef de la création, Fried; Леа Станковиќ, Executive Director, Communis DDB; Лидија Миловановиќ, Associate Creative Director, McCann Белград; Марко Вулиновиќ, Creative Director, Real Grupa Белград; Мирослав Миљеновиќ, Creative Director, SIVO; Немања Станковиќ, Creative Director, Executive Group; Предраг Симиќ, Creative Director, Leo Burnett; Тамара Јокановиќ, Managing Director, Represent Communicatios и Владимир Митровиќ, Creative Director, Ovation BBDO.
Регионалното жири оваа година го сочинуваат: Давор Брукета, Chief Creative Officer & Co-Chairman, Bruketa&Žinić&Grey (Хрватска); Дејан Шијук, Creative Director, Aquarius (БиХ); Домагој Давидовиќ, Founding Partner & Creative Strategist, Švicarska (Хрватска); Илинка Црвенковска, Creative Director, Idea+ Communications (Македонија); Иван Таниќ, Creative Director, Saatchi&Saatchi Загреб (Хрватска); Иван Тушек, Head of Creative, Degordian (Хрватска); Јуре Коренч, Creative Director, Agencija 101 (SLO); Јурица Ќорлука, Head of Creative, Señor (Хрватска); Лана Бедековиќ Росандиќ, Owner & Managing Director, Alert (Хрватска); Милена Мијатовиќ, Founder & Managing Director, MINT Бања Лука, (БиХ); Мирка Модриниќ, Creative Director, Pristop (Словенија); Роберт Бохинец, Creative Director, Futura DDB (Словенија) и УрошГоричан, Creative Director, Herman & partners (Словенија).
Новина во рамките на овогодинешниот конкурс за наградите KAKTUS 2020 е новата категорија – специјално признание LOCKDOWN интегрирана кампања. Оваа категорија е наменета за кампањи креирани и реализирани исклучиво во периодот од 10 март до 10 мај 2020 година, т.е. за време на вонредната состојба и пандемијата на вирусот Ковид-19. Кампањите создадени за време на вонредната состојба како одговор на пандемијата на вирусот COVID-19 може да се пријават исклучиво за Специјално KAKTUS признание и бесплатно.
Конкурсот е отворен до 20 септември. Наградите ќе бидат свечено доделени на шестиот национален фестивал за интегрирани комуникации – КАКТУС 2020, под слоганот „Unique in being different“. Фестивалот ќе се одржи на 3 и 4 ноември во Madlenianum Opera & Theatre во Белград.
Условите за конкурсот, пропозициите и категориите, како и пријавниот формулар, можете да го погледнете на сајтот www.kaktus.rs.