Медиумските куќи во Унгарија ќе мора да плаќаат посебен данок на приход од реклами. Унгарскиот парламент усвои Закон за данок на реклами, за медиумите кои остваруваат приход од реклами во Унгарија. Медиумските куќи ќе се оданочуваат прогресивно и драстично во споредба со важечките даноци.
Ослободени од оданочување се медиумите чии приходи од рекламите се под 1,6 милиони евра, па следуваат стапки од 10 до 30%. За приходи поголеми од 65 милиони евра, предвидена е даночна стапка од 40%.
Приходите од овој данок, како што сметаат некои економисти, за државниот буџет ќе биде занемарливи, или само неколку милијарди форинти, па се отвора прашањето за неговата економска рационалност.
Оваа даночна стапка најмногу ги погоди двете најуспешни приватни телевизиски станици, вклучувајќи го и лидерот на пазарот RTL, чии дневник на RTL Hidaro држи новинарска дистанца од сите политички актери. Се очекува некои телевизии и радио станици, поради трошоците да заминат во стечај.